Во финалето на пионерската конкуренција заслужено се најдоа најдобрите екипи, РК Металург и КЛ7 Струга.
Финалната возбуда не изостана денеска, па следеше драматична завршница каде на крајот РК Металург беше посреќната екипа и на крајот заслужено се закити со златниот медал.
Првиот дел од натпреварот му припадна на КЛ7 Струга, поведе со 2:1, па потоа следеше серија на Металург каде го превземаа водството и го одржуваа до крајот на првото полувреме, односно 8:12.
Второто полувреме започна во идентичен ритам, се што пробуваше да направи КЛ7 Струга, РК Металург имаше одговор и ја одржуваше предноста од пет погодоци.
Во последните 30 секунди, Металург имаше шанса за победа, но момците на КЛ7 Струга успеаа да пресечат топка и да организираат полуконтра, но заврши неуспешно. Последниот шут и шансата за израмнување беше запрена од голманот на Металург, што значеше дека може да започне славјето за новиот пионерски шампион, екипата на РК Металург.
Ова е најголем успех за КЛ7 Струга, ова беше прв пласман во едно финале на финална завршница во сите младински натпреварувања.