21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei и Honor заеднички го освојуваат светскиот пазар на паметни телефони

Huawei и Honor заеднички го освојуваат светскиот пазар на паметни телефони

Ричард Ју, извршен директор и CEO Huawei Consumer BG, на својот службен Sina Weiboпрофил, објави нови стратешки цели на компанијата. Huawei ќе стане најголемиот производител на паметни телефони во светот, а Honor ќе стане втор по големина производител на паметни телефони во Кина и на четврто место во светот.

Компанијата ќе го поддржи Honor во развојот на производи со врвен квалитет и ќе продолжи да инвестира во технолошките иновации, канали на дистрибуција и малопродажна стратегија, одржувајќи истовремено цврста стратегија кај двојниот бренд Honor и Huawei. Ричард Ју верува дека Huawei деловната единица за приватни корисници достигна ново ниво, и дека Huawei и Honor оваа година веројатно ќе станат најголеми производители на паметни телефони во светот.

Нови цели се поставени откако компанијата ги постигна сите седум стратешки цели кои Ричард Ју ги постави во 2012 година, а тоа се: трансформација од ODM небрендиран оператор во независен OEM бренд, преминот од ниска класа на уреди во средна и висока класа, престанокот со продажба на телефони од исклучително ниската класа кои постигнуваат високи продажни количини, но низок профит, инкорпорација на HiSilicon quad-core процесор и Balong чип, развој на е-трговијата, планирање на корисничко искуство Emotion UI и станување лидер во глобалната хардверска индустрија.

Huawei деловна единица за приватни корисници води во приходите на компанијата со зголемување од 48,4%. Минатата година, Huawei  деловна единица за приватни корисници остварила продажба од 348,9 милијарди кинески јуани (51,9 милијарди долари), што претставува зголемување од 45,1% во однос на претходната година, што најмногу придонела кон приходите на компанијата.

Honor и покрај падот на глобалната индустрија, со силен раст ја консолидираше водечката позиција. Според извештајот на IDC, глобалниот пазар на паметни телефони во првите три квартали на 2018 година забележал намалување од 3,1% во однос на истиот период минатата година, но Honor овој тренд го запре и постигна пораст од 27,1%. Исто така, во меѓународната продажба во 2018 година, Honor оствари годишен раст од над 170% и го освои второто место во глобалната онлајн продажба со зголемување од 29,4% во однос на претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП