20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПодатоците на 540 милиони корисници на Facebook на незаштитен Amazon сервер

Податоците на 540 милиони корисници на Facebook на незаштитен Amazon сервер

Facebook е вплеткан во уште еден скандал поврзан со приватноста, иако овој пат не е директно самата компанија.

Истражувачите на UpGuard откриле над 540 милиони податоци за интеракција преку Facebook, кои се изложени од страна на трети лица кои ги користат услугите на Amazon во клауд. Речиси сите доаѓаат од мексиканската медиумска куќа Cultura Colectiva, која, меѓу другото забележала називи на налози, коментари, Facebook ID и слично.

Уште едно разоткривање доаѓа од ,,At the Pool“, апликација која подолго време не постои и која оставила 22.000 незаштитени лозинки, заедно со други чувствителни информации. UpGuard немаше многу успех во отстранувањето на содржината на Amazon. Првпат испратиле меил до Cultura Colectivа на 10 јануари, и на Амазон на 28 јануари. Податоците кои се однесуваат на Cultura Colectiva не биле отстранети до 3 април, кога Bloomberg побарал од Facebook коментар за тоа. Податоците на ,,At the Pool” исчезнале пред да може да се прати меил за известување. Како одговор на тоа, Facebook рече дека тоа е политика на компанијата да спречи складирање на податоци во јавни бази на податоци и дека работела со Amazon за отстранување на материјалот.

Нема многу што Facebook би можел да направи за да ги заштити податоците без интерно складирање, што било веројатно тешко да се направи кога Cultura самата имала 146 GB податоци. Сепак, ова го нагласува зголемениот проблем на Facebook и другите компании кои се занимаваат со технологии поврзани со податоци. Во некои случаи, тие партнери прават основни грешки, како што се ослободување на податоци кои се јавно достапни. Ние нема да можеме да видиме подобрувања на овој фронт додека секоја компанија не биде еднакво опрезна при заклучувањето на податоците, не само на оригиналните провајдери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП