2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар им се враќа на тренинзите

Нејмар им се враќа на тренинзите

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар, од денес треба да им се врати на тренинзите. Бразилецот поради повреда ос јануари отсуствуваше од тимот.

Нејмар, најскапиот играч во светот, во јануари на натпреварот со Стразбур ја повреди метатарзалната коска во стапалото. Истата повреда напаѓачот ја имаше и годината претходно.

Поради тоа тој не беше во составот на ПСЖ во дуелите со Манчестер Јунајтед, во Лигата на шампионите. ПСЃ доживеа сензационална елиминација во осмина-финалето, откако не успеаја да ја сочуваат предноста од 0:2.

„Рехабилитацијата тече одлично, тој во среда ќе се појави на тренингот, кога ќе направи некои дополнителни тестови. Под надзор на лекарите ќе биде и во наредните две недели“, рекол тренерот Томас Тухел без да прецизира кога Бразилецот ќе започне да игра на натпреварите.

До повредата Нејмар имаше учинок од 20 гола и 11 асистенции на 23 натпревари за ПСЖ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП