6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАмстердам: Кинеската и руска дигитална шпионажа ризик за Холандија

Амстердам: Кинеската и руска дигитална шпионажа ризик за Холандија

Холандската служба за безбедност (AIVD) денеска ја советуваше својата влада да не користи технологии од земји кои спроведуваат активни кампањи за хакерски напади врз Холандија, како што се Кина и Русија.

Оваа препорака доаѓа во време кога холандската влада ги разгледува можностите за новата 5G телекомуникациска мрежа за наредните години и се обидува да ја замени својата домашна мрежа за итни служби, позната како C2000, објави Reuters.

AIVD ги обележала кинеските и руските обиди за дигитална шпионажа како главен безбедносен ризик.

“Не е пожелно Холандија да разменува чувствителни информации или нашите витални процеси да зависат од хардверски и софтверски компании од земји што работат активни сајбер програми против холандските интереси”, се наведува во годишниот извештај на AIVD.

Холандскиот премиер Марк Руте одбил да ја отфрли можноста за водење бизнис со кинеските компании кои развиваат нови технологии, дури и во ситуации кога холандските клучни сојузници САД и Австралија го ограничуваат пристапот на кинеската Huawei мобилна мрежа.

Вашингтон претходно изјави дека Huawei целосно е подреден на кинеската држава предупредувајќи дека неговата мрежна опрема може да вклучува пристап до компјутерските системи или шифрирани податоци кои ги заобиколуваат безбедносните механизми, а што отвораат можност за сајбер шпионажа.

Кинескиот Huawei одговори дека таквата загриженост е без основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП