ПочетнаИНТЕРЕСНОНаполи дава 10 милиони за Калјехон

Наполи дава 10 милиони за Калјехон

jose-callejon

Медиумите во Италија тврдат дека раководството на Наполи започнало преговори со Реал Мадрид за доведување во своите редови на младиот фудбалер на „кралевите“, Хозе Калјехон.

Според информациите спортскиот директор на Наполи се сретнал со агентот на Калјехон, Мануел Гарсија Килон за да преговараат за личните услови на фудбалерот.

Екипата од Неапол е подготвена на Реал Мадрид да му плати 10 милиони евра за Калјехон.

Квалитетите на Кајлехон добро ги познава новиот тренер на Наполи, Рафа Бенитез, па на негова иницијатива првите луѓе на неаполитанците одлучиле да стапат во контакт со раководството на Реал.

Сепак оставнува да се види како на оваа понуда ќе одговорат во тимот од Мадрид. Можеби токму Калјехон и плус одредена сума ќе бидат доволни од Неапол во главниот град на Шпанија да дојде Едисон Кавани кој е една од главните трансфер цели на „кралевите“.

 

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП