2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft Surface Book 2 добива побрз процесор

Microsoft Surface Book 2 добива побрз процесор

Microsoft прилично тивко, речиси незабележително, најави нов, хардверски унапреден Surface Book 2. Модел од 13.5 инчи, кој се појави во 2017 година доби значајно унапредување во перформансите, со оглед на тоа дека сега во него се наоѓа интелов quad-core чип осма генерација.

Овој 2 во 1 компјутер поседува 256 GB простор за сместување, 8 GB RAM меморија и i5 процесор и неговата цена е 1.499 долари. Покрај тоа, достапна е и верзијата со i7 процесор и 512 GB простор за сместување, чија цена е 1.000долари повеќе (2.499 долари). И понатаму во понудата ќе биде верзијата со i5 процесор на седмата генерација, чија цена е 200долари помалку од соодветниот нов модел.

Овие информации се потврдени од последните неофицијални информации дека компанијата планира да ги унапреди своите уреди. Тоа е направено на “најбезболен” начин, само со замена на процесорот, додека другите компоненти останаа речиси исти. Сепак, Microsoft најверојатно нема да застане само на тоа. Компанијата за неколку недели ќе одржи настан во Њујорк, на кој се очекува да биде претставен Surface Hub 2S, интерактивен панел за тимска работа, кој беше најавен минатата есен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП