20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНАСА ќе плати 19.000 долари на секој кој сака да остане во...

НАСА ќе плати 19.000 долари на секој кој сака да остане во кревет два месеци

Колку и да сакате многумина од вас да останете во кревет по цел ден гледајќи телевизија, и да не мора да одите на работа, за жал тоа не е начинот на кој реалниот свет функционира и многу од нас треба да станат, да одат на училиште или на работа. Сепак, има добра вест за оние кои сакаат да останат во кревет и да бидат платени за тоа.

НАСА неодамна објави дека бара учесници кои се подготвени да останат во кревет цели два месеци, и да се наградат за тие напори. НАСА на волонтерите ќе им плати 19.000 долари. Не, НАСА не е добротворна организација која е посветена да останете во кревет и да не правите ништо, туку сака да ги истражи ефектите на “вештачката гравитација” на човечкото тело, и да види дали има некаква корист за астронаутите кои би можеле да поминат подолго време во универзумот.

Во овој експеримент, ќе бидат вклучени две групи, каде едната група ќе биде ротирана во центрифуга слична на комора со вештачка гравитација. Другата група воопшто нема да се поместува, ќе ги врши своите активности додека лежи, што вклучува јадење, гледање телевизија, читање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП