21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСловенците приредија спектакл во Мајами (Видео)

Словенците приредија спектакл во Мајами (Видео)

Горан Драгиќ и Лука Дончиќ најзаслужните што Словенија на последното Европското првенство го освои златниот медал, го имаа својот прв дуел во НБА лигата. Иато така ова беше последната меѓусебна пресметка на легендарните кошаркари Двејн Вејд и Дирк Новицки.

Дуелот на Драгиќ и Дончиќ, во арената во Мајами привлече 2.000 Словенци, кои живеат во градот и на Флорида.

Мајами Хит ги победија Далас Маверикс 105:99, а блескаше Драгиќ со трипл-дабл, втор во кариерата. Драгиќ забележа 23 поени, 12 скока и 11 асистенции. На спротивната страна Дончиќ имаше учинок од 19 поени, 8 скока и 7 асистенции.

„Луке е роден победник. Запамтите што во кажав тој ќе биде еден од најдобрите во светот“, рекол Драгиќ по натпреварот.

Драгиќ и Дончиќ ги заменија дресовите, а Словенците? Тие сакаа ноќта да потрае уште малку.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП