20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа доручек во пекара Бакал. За поинакво гастрономско искуство!

На доручек во пекара Бакал. За поинакво гастрономско искуство!

Препознатлива на гастрономската мапа во Скопје, омилена за многу посетители, позната по своите инвентивни и специфични вкусови, пекарата Бакал, нуди солени и благи производи на кои не може да се одолее!

Вистинско богатство се крие во пекара„Бакал“. Од леб со путер, пченкарен и фин крцкав багет, преку кроасани со путер и павлака, со кулен и сирење, па до колачи чиз кејк, тартови и торта со морков. Тоа е и причина Пекара „Бакал“ многу често да биде местото за купување за време на утринската пауза, каде ќе се купи крцкав топол кроасан со путер и кашкавал.

Бели пецива кои ги разгалуваат сите сетила!

Пецивата што се продаваат во „Бакал“ не само што се вкусни, туку изобилуваат и со високо нутритивни состојки, благодарение на природните состојки создадени со патентирана технологија на производство. Врвни пекарски специјалитети подготвени по софистицирани француски и германски рецептури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП