18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТехнологијата е тука да биде корисна но и убава, три уреди кои...

Технологијата е тука да биде корисна но и убава, три уреди кои ќе го променат вашиот поглед кон реалноста

Исто како и времето, уредите се менуваат со брзина на светлината.

Сè што било вчера, денес ќе биде многу подобро, а само вистинските љубители на техниката знаат дека уредите не само што го прават животот полесен и поубав, туку и го менуваат погледот кон реалноста.

1. Размислете на време, пристигнуваат флексибилни телефони

Продажбата на еден од најочекуваните мобилни телефони започнува во април. Осум години се чекаше за уред кој треба да донесе сè што сакате од телефонот: голем екран кој можете да го ставите во вашиот џеб со едноставно преклопување, таблет кој е доволно мал за да го носите сегде со вас и телефон кој навистина може да го направи било кој мултитаскинг, бидејќи во исто време можете да отворите три апликации.

2. VR headset – се за виртуелна реалност

Безжичните слушалки комплетно ги заменија класичните бидејќи нема причина да се плеткате со кабли. VR уредите создаваат впечаток на виртуелна реалност, особено кога станува збор за игри. Оваа технологија не е само голем чекор за модерните игри, туку и за целата поп-култура. Благодарение на VR технологијата, наскоро може да се очекуваат големи промени во игрите, филмската и музичката индустрија, социјалните мрежи.

3. Барате TV што ќе ве однесе во друга реалност? 

Новата реалност е во вашиот дом благодарение на најновата технологија. Гледањето телевизија од денес има нова перспектива, бидејќи вашата слика буквално се вовлекува во екранот и се чини дека сте во просторот што го гледате и дека сцените се одвиваат во вашата дневна соба.

Технолошката револуција едноставно се случува, а оние кои живеат во иднината знаат колкава радост е да ги имате најновите уреди. Како мало дете кое со нетрпение ја очекува играчката, така фановите на технологија се радуваат на секој нов тренд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП