20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗакажување пораки на G-mail како роденденски поклон

Закажување пораки на G-mail како роденденски поклон

Корисниците на “Gmail ” најверојатно наскоро ќе можат да користат дополнителни алатки, меѓу кои е закажување на испраќање на порака.

G-mail започна со работа во април 2004 година. Затоа, можно е за 15-годишнината да биде повод за новината во начинот на испраќање на пораките.

И покрај фактот што главните на “Google” не објавија официјално, се чини дека оние кои имаат адреса на G-mail наскоро ќе можат да закажуваат, но и да ги откажуваат електронските пораки.

Исто така, ќе биде овозможено да се испраќаат закажани пораки кога корисниците се надвор од мрежата или кога нивната батерија на телефонот е испразнета.

Овие вести беа објавени уште во јули 2018 година, а како што пишува порталот TechRadar, големи се шансите дека конечно ќе биде во служба на корисниците услугата на Google на 1 април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП