25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNvidia создаде AI која ги претвора скиците во фотореалистички пејсажи

Nvidia создаде AI која ги претвора скиците во фотореалистички пејсажи

На Nvidia GPU Technology Conference (GTC 2019), конференцијата за AI, која во моментов се одржува во Силиконската долина, компанијата претстави нов фото-творец базиран на вештачка интелигенција.

Корисниците на овој софтвер за само неколку секунди и со неколку кликања можат од детски цртеж да добијат реални пејзажи. Како што наведоа авторите, ова е MS Paint во ерата на AI(Artificial Intelligence).

Програмата се нарекува GauGAN која ги демонстрира можностите на платформата Nvidia. Софтверот е исклучително лесен за работа и има само три алатки – кофа за боење површина, како и пенкало и четка за цртање на линии. Наместо обични линии во боја и површини, корисникот избира што ќе претстави – облаци, трева, површина на водата, ѕидови, песок … и тоа ја прави основата која GauGAN  ја користи за генерирање на одредени фотореалистички површини.

Програмата е мултимодална. Ако двајца корисници креираат идентични цртежи со истите поставувања, конечниот резултат нема да биде ист. Генераторот на случајни броеви во алгоритмот ќе се погрижи конечните фотографии да не изгледаат исто. Ова ја обезбедува разновидноста на креирање фотографии, но во исто време го намалува нивото на контрола на корисникот, кој никогаш нема да биде сосема сигурен што може да очекува од конечниот резултат.

За да обезбеди резултати во (речиси) реално време, GauGAN работи на компјутерската платформа Tensor. Nvidia ја изврши демонстрацијата на RDX Titan GPU системот. Сепак, компанијата нагласува дека со мали модификации може да работи на речиси секоја платформа, вклучувајќи и стандардни процесори. Се разбира, во тој случај, за финални фотографии, сепак ќе треба да почекаме малку подолго.

Со цел да обезбеди доволно “знаење” за оваа работа, Nvidia користела повеќе од милион фотографии од Flickr за да ја тренира неуралната мрежа. Компанијата вели дека се надеваат дека на долг рок оваа технологија ќе се користи во видео игрите за да создаде пореални слики, но дека GauGAN не е направен со таа цел.

Во секој случај, Nvidia не планира да ја објави оваа алатка како комерцијален софтвер, но не ја исклучува можноста дека во иднина може да објави јавна пробна верзија, така што секој би можел да проба како функционира.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП