1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРуски научници го променија движењето на времето

Руски научници го променија движењето на времето

Во една нова студија која е во спротивност со законите на физиката, научниците успеале да го променат правецот на движење на времето на квантните компјутери. Користејќи  електрони и квантна механика, успеале да го вратат времето во експериментот.

Истражувачите се од Институтот за физика и технологија во Москва, додека помошни асистенти се колегите од Швајцарија и САД.

Експертските стручнаци се фокусираат на развојот на оваа техника, која со текот на времето би можела да биде поефективна и попрецизна.

“Ние создадовме состојба која оди во спротивна насока од нормалната термодинамика  во која времето се движи”, рече Гордеј Лешовиќ.

“Временска машина” всушност е квантен компјутер кој придвижува електронски ‘’кубити’’. Кубит е збир на информации кои се опишува со броевите еден и нула.

Во студијата, кубитите се претвораат во комплексна формација на единица и нула. Во овој процес редот се губи, исто како кога ќе ги разбиете топките на триаголникот на масата на билијард.

Потоа направија уште една програма со која би се вратил нередот во ред, кој ќе ги врати работите во нејзината првобитна форма. Ова всушност е враќање на кубитот во неговата почетна позиција.

Научниците сфатија дека ако работат со само два кубита, враќањето на времето има 85 проценти шанси за успех.

Кога во експериментот се користат три или повеќе кубита, шансите за успех се сведени на 50 проценти и настануваат повеќе грешки.

Научниците очекуваат дека бројот на грешки на крајот ќе се намали на минимум и тие веруваат дека ова откритие би можело да биде практично во развојот на квантните компјутери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП