20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСамсунг размислува за употреба на јаглеродни влакна

Самсунг размислува за употреба на јаглеродни влакна

South Korea Samsung Galaxy S4

Најголемите критики за уредите на Самсунг се однесуваат на материјалите, односно на претерана употреба на пластика. Меѓутоа во скоро време ова би можело да се промени.

Веќе се појавија гласини дека Самсунг би можел да почне да користи метал во своите производи од 2014-та година, но според најновите информации во игра се јаглеродните влакна.

Самсунг има создадено стратешко партнерство со „SGL“ кој е еден од најголемите производители на производи од јаглеродни влакна.

Новата компанијата ќе биде наречена „Samsung SGL Carbon Composite Materials“, а главна цел ќе биде создавањето на индустриски и електрични уреди со композитен материјал од јаглерод.

Една од клучните причини за употребата на пластиката во уредите на Самсунг е тоа што таа е лесна и долготрајна. Сепак и јаглеродните влакна ги имаат овие одлики, па така не би било изненадување кога компанијата би се решила пластиката да ја замени со овој материјал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП