18 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFTC може да го принуди Facebook да плати казна од милијарди долари

FTC може да го принуди Facebook да плати казна од милијарди долари

Во текот на изминатата година, Facebook беше во центарот на неколку големи скандали поврзани со приватноста на корисниците, и во повеќето случаи компанијата успеа да “излезе” без големи последици.

Сепак, се чини дека ситуацијата наскоро ќе се промени, бидејќи FTC(Federal Trade Commission) се подготвува да го казни Facebook со неколку милијарди долари.

Извештајот на “Washington Post” тврди дека FTC и Facebook во моментов преговараат за висината на казната што би ја задоволиле истрагата на FTC во врска со практиките на Facebook кога станува збор за приватноста на корисничките податоци.

Под претпоставка дека ќе успеат да постигнат задоволителна бројка, ова би можело да биде најголемата казна што FTC досега изрекла на технолошка компанија. Сепак, засега нема конкретни информации колкава би била казната.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП