26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСветска премиера во Париз на најновиот модел на Huawei

Светска премиера во Париз на најновиот модел на Huawei

Huawei е познат по поместувањето на границите кога станува збор за дизајнот на уредот. Со секој нов уред Huawei покажува зашто е меѓу лидерите во глобалниот пазар кога станува збор за мобилни телефони, долгоочекуваната а долгоочекуваната P30 серија ќе биде лансирана во Париз на 26 март, и претставува врв на дизајнот.

Сведоци сме на времето кога визуелната привлечност на производот е прва во изборот при купувањето на мобилни телефони. Затоа, компаниите инвестираат многу време и напор во дизајнот на секој од присутните модели на пазарот.

Невообичаените бои се едни од главните адути на Huawei кога станува збор за естетиката. Twilight- нереалнa боја која за прв пат се појавува во претходната P серија, инспириран од поларната светлина, смиреност и драма од палета на бои кои се преклопуваат во вечерниот самрак. Дали компанијата на Huawei ќе не остави без здив и овој пат?

Изгледот на предната страна односно екранот е исто толку важен како и дизајнот на задниот дел на телефонот. Бојата, сјајот, формата на камерата и положбата се некои од карактеристиките што ние прво ги забележуваме кога гледаме уред што би можеле да го купиме. Ако некои не се визуелно привлечни за нас, постои голема шанса да се определиме за друг уред, слични конфигурации, но визуелно поубави.

На светската премиера на најновата серија P30, која се очекува во Париз на 26 март, Huawei ќе претстави три телефони со врвен дизајн и уште еднаш да покаже зошто е меѓу најиновативните производители на паметни уреди на глобалниот пазар. Моделите што ќе бидат претставени ќе бидат префинети со модерен дизајн, прилагоден на секојдневните потреби на потрошувачите. И естетски и практични.

Што можеме да очекуваме на премиерата на најновата Huawei серија?

Телефон, кој повторно ги поместуваа границите на дизајнот, кој покрај веќе традиционалниот квалитет на конфигурации, и кој постојано се подобрува, ќе биде една причина повеќе да се одлучите за еден од моделите на Huawei P30.

Сите знаеме колку е добро чувството кога држиме телефон во наши раце кој привлекува внимание каде и да се појавиме. Бидејќи телефонот е неопходен дел од нашиот секојдневен живот, за нас е важно телефонот за кој што ќе се одлучиме да биде дизајниран како само за нас.

Huawei како компанија, корисниците ги става во преден план и секогаш се обидува да ги  оправда очекувањата на своите клиенти и постигнува успех.

Иновативен изглед, дизајн кој го одзема здивот, се само некои од карактеристиките кои може да се очекува кога станува збор за Huawei P30 серија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП