19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВреме е за шоу! Што ќе претстави "Apple" на конференцијата на 25-ти...

Време е за шоу! Што ќе претстави “Apple” на конференцијата на 25-ти март?

“Apple” потврди дека ќе одржи конференција на 25 март, на која се очекува да ја претстави својата стриминг ТВ услуга, која, барем за почеток, ќе им понуди бесплатен и оригинален пристап на сопствениците на уредите за iPhone и iPad.

Ако се точни најавите на американските медиуми, новата “Apple” услуга од април или мај ќе им даде опција на корисниците да можат да изберат Starz и Showtime стриминг . Засега Netxliks и Hulu нема да се најдат во нивната понуда.

Според најавите на “The Wall Street Journal”, “Apple” би требало да започне со продукција на вести под свое име, кое ќе опфати бројни понуди за претплати на најголемите медиумски куќи. “Apple news”, како што се нарекува овој производ, се базира на текстура, т.н. “Netfliks for Magazines” апликација која “Apple” ја купи минатата година.

Покрај тоа, се очекува на овој настан, кој ќе се одржи во Купертино, во театарот Стив Џобс, исто така, ќе бидат претставени и новите слушалки AirPods 2, како и петтата генерација на iPod.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП