20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал го нанесе првиот пораз на Солскјер на чело на Јунајтед

Арсенал го нанесе првиот пораз на Солскјер на чело на Јунајтед

Арсенал го нанесе првиот пораз на Оле Гунар Солскјер на чело на Манчестер Јунајтед, откако ги победи „црвените ѓаволи“ на „Емирати“ со 2:0.

Во 12-тата минута Гранит Џака постигна гол по извонреден удар од левата страна, а Пјер Емерик Обамејанг реализираше од пенал во 69 минута.

Фудбалерите на Оле Гунар создадоа неколку добри позиции, но голманот Бернд Лено одлично бранеше и не дозволи топката да помине зад неговиот грб.

По овој успех, Арсенал се искачи на четврто место во Премиер лигата, со 60 поени, две повеќе од Манчестер Јунајтед и три од Челзи. Третиот Тотенхем има 61.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП