26 април, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 11.03.2019 до 17.03.2019

Неделен хороскоп 11.03.2019 до 17.03.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

РАБОТА: Неделата која е пред вас ќе ви биде преполна со предизвици, ќе постојат многу нешта кои ќе ве вознемират.

ЉУБОВ: Во љубовта се ќе се одвива како подмачкано, со партнерот едноставно ќе бидете во тотална хармонија.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

РАБОТА: Трпението ви е неопходно за да дојдете до саканата цел, обидете се оваа недела да не го загубите, особено во деловната околина.

ЉУБОВ: Личноста во знакот на Стрелец сака да ви изјави љубов, вие како да го чувствувате тоа, па ви е непријатно.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со забите.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

РАБОТА: Оваа недела ќе добиете добра вест, односно покана за итен деловен пат. Не се двоумете, заминете на пат, таму ќе имате можност за напредување.

ЉУБОВ: Случајната средба со личноста во знакот на Вага ќе остави силен впечаток на вас. Вашите чувства кон тоа лице ќе се променат.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со слухот.

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

РАБОТА: Некој оваа недела ќе се обиде да ве забавува, односно да го забавува вашиот потенцијал.

ЉУБОВ: Ќе мислите дека само вие немате среќа во љубовта. Ќе бидете разочарани од постапките на спротивниот пол.

ЗДРАВЈЕ: Можна е појава на депресија.

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

РАБОТА: Оваа недела ќе докажете пред сите ваши ривали дека заслужувате подобра позиција. Никој повеќе нема да се сомнева во вашите квалитети.

ЉУБОВ: Односот со саканото лице ви е ладен. Внесете промени во љубовниот живот со цел да го подобрите.

ЗДРАВЈЕ: Добро ќе се чувствувате.

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

РАБОТА: Малото невнимание ќе ви направи голема штета. Ќе бидете обвинети за големи грешки и ќе претрпите големи последици.

ЉУБОВ: Имате нереална слика за лицето кое ви се допаѓа. Оние во долги врски и брак ќе бидат изненадени од својот животен партнер.

ЗДРАВЈЕ: Кондицијата ви е опадната.

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

РАБОТА: Ќе добиете важна информација, која всушност долго сте ја очекувале, а таа ќе ви помогне да се приближите до успехот.

ЉУБОВ: Сакате да ставите точка на врската која веќе трае некое време, но не сте задоволни од неа воопшто.

ЗДРАВЈЕ: Вашето здравје е добро.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

РАБОТА: Оваа недела е идеална за започнување на некој приватен бизнис или пак за ангажирање во нешто дополнително кое ќе ви донесе повеќе пари.

ЉУБОВ: Саканото лице сака нешто да ви каже но не се обидува, обидете се да сфатите за што станува збор.

ЗДРАВЈЕ: Можна е главоболка.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

РАБОТА: Оваа недела ќе бидете во прилика да доживеете пофалби на вашата сметка.

ЉУБОВ: Емотивниот живот оваа недела ќе ви биде во втор план. Ќе имате потреба да бидете сами.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грлото.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

РАБОТА: Приливот на пари оваа недела ќе ви го поправи расположението а вие ќе бидете задволни.

ЉУБОВ: Љубовниот живот ќе ви стагнира, нема да се случуваат некои важни и поголеми пресврти.

ЗДРАВЈЕ: Вашето здравје е добро.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

РАБОТА: Со помош на позитивниот став ќе успеете да ги надминете сериозните препреки кои одамна ви стојат на патот.

ЉУБОВ: Партнерот со кој сте во кавга, ќе пронајде поинаков начин да допре до вас.

ЗДРАВЈЕ: Одржувајте ја кондицијата.

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

РАБОТА: Оваа недела најважно е се да завршите во предвидениот рок со цел да добиете прилика за напредување.

ЉУБОВ: Немате никаква оправдана причина за да се сомневате во саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Нервозата ќе ви биде зголемена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП