3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОSugarpova - новиот бренд на Шарапова

Sugarpova – новиот бренд на Шарапова

maria

„Sugarpova“ е новиот бренд на најплатената тенисерка во светот, Марија Шарапова. Оваа 26-годишна тенисерка ги направи првите чекори во тоа да развие сопствен бренд, а во овие слатки таа гледа иделано решение како да ги зголеми своите приходи.

„Бизнисот и спортот се два натпреварувачки света, па поради тоа јас сакам да бидам најдобра и во двата“, вели младата Русинка.

Производот во целост го покренала со своите заработени пари и тој би требало да претставува силен комерцијален темел за периодот откако таа ќе ја заврши професионалната тениска кариера.

„Кога бев повредена имав шанса да ги разгледувам другите можности покрај тенисот“ вели Шарапова која потсети на периодот од 2008-та до 2009-та година, кога поради операцијата на рамото мораше да паузира девет месеци.

Шарапова вели дека и биле потребни две години да ја направи сопствената линија на слатки, која минатата година ја лансираше на американскиот пазар, а потоа и во неколку други земји.

Според магазинот Форбс, Шарапова минатата година заработила 26 милиони долари со што си го обезбеди 22-то место на листата на Форбс за најплатени спортисти во светот и првата позиција меѓу дамите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП