3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарадона ќе признае три деца во Куба!

Марадона ќе признае три деца во Куба!

Аргентинската фудбалска легенда, Диего Марадона има три деца во Куба, и ќе отпатува на карипскиот остров за легално да ги признае, вели неговиот адвокат Матијас Морла.

58-годишниот Марадона, кој е тренер на мексиканскиот клуб, Дорадос де Синалоа, има уште пет деца од различни врски.

„Ќе одиме да направиме ДНК тестови. Се работи за жени од различни жени и Диего ќе ги признае како свои деца кога ќе дојде таму“, вели Морла за весникот „Кларин“.

Според него, процедурите одат низ кубанскиот државен систем, но Марадона, доколку се покаже дека децата се негови, ќе им го даде и презимето во блиска иднина.

Марадона и Куба се блиско поврзани, откако од 2000 до 2004 тој живееше во Хавана во обид да се излечи од зависноста од дроги. Таму, тој стана пријател со Фидел Кастро, поранешниот кубански лидер, кој секое утро му се јавуваше на телефон да зборуваат за политика и спорт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП