19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТренерот на Ајакс: Неверојатна победа, никој не веруваше во нас

Тренерот на Ајакс: Неверојатна победа, никој не веруваше во нас

Tренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг беше пресреќен по успехот на тимот со 4:1 на „Сантијаго Бернабеу“, со кој беше прекината тригодишната хегемонија на Реал Мадрид во Лигата на Шампионите. Амстердамскиот колос стана првиот што ги елиминирал „белите“ од 2015 година во овој турнир, при тоа по домашен пораз во Холандија со 1: 2.

Токму тоа го направи успехот посладок за четирикратниот европски клупски шампион, а стратегот откри дека речиси никој надвор од тимот не верувал во крајниот успех. Но, поважно е дека играчите биле убедени во тоа.

– Ова е неверојатна победа. Таа беше речиси незамислива, речиси никој надвор од нашиот тим не веруваше дека може да се случи. Но ние верувавме. Сакавме да ја отежниме играта на Реал со постојан пресинг, го направивме тоа, но и се браневме исклучително добро, изјави Тен Хаг по мечот.

Тен Хаг ја прокоментира и најспорната ситуација во натпреварот во врска со третиот гол. Тогаш останаа сомневања дека топката е излезена во аут и мораше да има преглед на она што се случи со ВАР, пред судијата да го испочитува погодокот.

– Јас бев на самата аутлинија, кога тоа се случи и секако видов дека топката не е излезена со целиот свој обем. Но требаше да ја чекаме одлуката на ВАР. Тоа беше многу напнат момент, но за среќа овој пат одлуката беше во наша корист, не како во првиот натпревар, додаде Тен Хаг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП