19 април, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 04.03.2019 до 10.03.2019

Неделен хороскоп 04.03.2019 до 10.03.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

РАБОТА: Ќе сакате да постигнете нешто, или некого да го убедите во нешто, но безуспешно. Потребно е да си ги преиспитате постапките, кон некој од работа не сте фер.

ЉУБОВ: Во љубовта ви здосадила монотонијата, па можно е среќата да ја побарате кај некое друго лице.

ЗДРАВЈЕ: Можна е болка во грбот и вкочанетост.

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

РАБОТА: Оваа недела на работното место ќе направите некоја кавга. Јавно ќе им замерите на колегите кои не си ги извршиле обврските.

ЉУБОВ: Нема да можете да му ги простите грешките на партнерот и најверојатно ќе се збогувате со него.

ЗДРАВЈЕ: Добро, можна е мала настинка.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

РАБОТА: Сите ваши обврски ќе ги завршите одеднаш, во еден ден, па во остатокот од неделата ќе можете да се опуштите. Ќе добиете добра вест во врска со работата.

ЉУБОВ: Некој сака да и наштети на вашата љубов, предупредете го тоа лице дека сте ги прочитале неговите намери.

ЗДРАВЈЕ: Ќе ве совлада заморот, одмарајте повеќе.

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

РАБОТА: Не наседнувајте на ситните канцелариски местенки. Некој ќе се обиде да ви подметне нешто, бидете внимателни.

ЉУБОВ: Во љубовта не ви цветат рози, но некако ќе успеете да ја поправите ситуацијата, само бидете смирени.

ЗДРАВЈЕ: Можен е проблем со забите.

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

РАБОТА: Ќе сакате гласно да кажете се што мислите, но тоа не е толку паметна идеја, па затоа премолчете некои работи.

ЉУБОВ: Во љубовниот живот ќе бидете некако занесени, па така нема да забележите дека се случиле некои промени, обидете се да ја ставите ситуацијата под контрола.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

РАБОТА: Ќе ве нервираат некои секојдневни обврски, ќе сакате нешто да промените, можеби е добро да земете малку одмор.

ЉУБОВ: Партнерот ќе ви се најде во сите тешки моменти. Обидете се и вие да му ја дадете потребната поддршка.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на слатките, ограничете ја нивната консумација.

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

РАБОТА: Оваа недела постојано ќе бидете во брзање со цел да стигнете да одработите сe што ви е зададено.

ЉУБОВ: Неделава ви претстои можност за нов почеток во љубовта.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте колку јадете.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

РАБОТА: Оваа недела ќе ви биде одлична на деловен план, шефот ќе го забележи вашиот позитивен придонес.

ЉУБОВ: Неделава ќе ви биде мирна и сталожена, исполнета со љубов и разбирање.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

РАБОТА: Ќе имате зголемен број на обврски, но тоа нема да ве уплаши, со добра концентрација ќе успеете се да завршите.

ЉУБОВ: Недела во која уште повеќе ќе се зближите со партнерот, ќе преминете на некое повисоко ниво.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со желудникот.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

РАБОТА: Ќе имате неколку ненадејни ситуации кои ќе ве вознемират, но наскоро ќе сфатите дека не вределе да се нервирате за нив.

ЉУБОВ: Во љубовта ќе очекувате промени, но наместо да седите со скрстени раце, направете нешто.

ЗДРАВЈЕ: Можна е настинка.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

РАБОТА: Оваа недела нема воопшто да ви се работи. Ќе изнаоѓате разни начини да неработите, а наскоро можно е и да ја промените работата.

ЉУБОВ: Во љубовта одлично напредувате, секој ден сте се поблиски со партнерот. Приредете му некакво изненадување.

ЗДРАВЈЕ: Можна е нервоза, обидете се да се контролирате.

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

РАБОТА: До вас ќе пристигуваат нови и нови задачи, а вие никако нема да можете да ги сработите. Пробајте да се мотивирате некако.

ЉУБОВ: Посакувате некоја личност, но никако да соберете храброст да и го кажете тоа. Можеби оваа недела ќе преземете посмел чекор.

ЗДРАВЈЕ: Можна е повеќедневна главоболка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП