
Американската скијачка Микаела Шифрин го освои Светскиоткуп во алпско скијање за трета година по ред, официјално објавија од Меѓународната скијачка федерација (ФИС). 23-годишната Шифрин има недостижна предност на врвот од 719 поени пред второпласираната Петра Влхова (Словачка) на седум трки пред крајот на сезоната (100 поени за победа). Американската скијачка досега освои 14 победи во Светскиот куп.

