22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБогдановиќ ги среди „волците“, Харден броеше до 58

Богдановиќ ги среди „волците“, Харден броеше до 58

Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ во победата на Индијана Пејсерс над Минесота Тимбервулвс 122:115 го одигра најдобриот меч оваа сезона.

Богдановиќ ја предводеше Индојана до 41 победа во 63 натпревар сезонава со 37 поени, 7 скока и 4 асистенции. Хрватот е лидер на Пејсерс од моментот кога се повреди најдобриот играч на овој тим Виктор Оладипо.

Карл-Ентони Таунс со 42 поени и 17 скока беше најдобриот играч на Минесота. Таунс половина од поените постигна во првата четвртина.

Голден стејт Вориорс запишаа уште еден пораз, втор во ниа и четврти во последните шест натпревари. Орландо Меџик ги поразија шампионите со 103:96.

Неиграњето на Кевин Дурент и лошата реализиција на ударите за три поени (9/40) се причините за поразот на Голден стејт).

Никола Вучевќ за Орландо реализираше 12 поени, 13 скока и 6 асистенции, додека Стеф Кари на спротивната страна постигна 33 поени.

Хјустон Рокетс со голем пресврт успеаја да победат во Мајами 121:118. Хјустон победија иако на почетокот на третиот период имаа негатива од 21 поен (82:61).

Џејмс Харден одигра уште еден брилијантен меч (58 поени, 10 асистенции, 7 скока). Кај Мајами Горан Драгиќ и Кели Олиник постигнаа по 21 поен.

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја испуштија можноста да се вратат на челната позиција во Запдната конференција, откако не успеаја да ги совладаат Јута Џез. Јута победи во Денвер 111:104.

Нагетс имаат ист број на порази како и Голден стејт (19), но екипата од Оукланд има победа повеќе од Денвер (43/42).

Донован Мичел постигна 24 поени, а Кал Корвер два помалку за Јута, додека Денвер гио предводеа Вил бартн (21 поен, 13 асистенции) и Никола Јокиќ (16 поени, 13 скока, 7 асистенции).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП