29 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 01.03.2019

Дневен хороскоп 01.03.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денот не е поволен за склопување на деловни партнерства, ќе биде потребно да се позанимавате со некои други проблеми. Ви делува дека вашиот партнер е претерано ладен, а тоа не ви се допаѓа.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Бројни деловни обврски кои ги имате ве оптеретуваат. Се чувствувате како на некој начин да сте сокриени во ќош. Во приватниот живот среќни сте и позитивно влијаете на вашата околина.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Немојте да ризикувате или да се коцкате со било што бидејќи можете да загубите. Доколку сте калкулирале меѓу две лица, денес би требало да се одлучите. Можно е едната од нив сама да замине.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Доколку се занимавате со приватна рбаота, денес ќе наидете на мали потешкотии. Можно е да бидете принудени да почитувате одредени процедури. Вашата емотивна ситуација не е сјајна и вие тоа го знаете.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Доколку сте планирале деловно патување, можни се некои компликации. Работите ќе се одвиваат побавно отколку што очекувавте. Имате мала блокада во комуникацијата со личност која ви се допаѓа.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Поведете сметка за своите финансии, можни се некои помали промени. Избегнувајте големи трошоци. Не се чувствувате сигурно покрај својот партнер. Стабилноста на врската е намалена.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес ќе доживеете бројни препреки на деловен план. Не дозволувајте да ве исфрлат од колосек. Многу сте емотивни. Потребни ви се љубов и внимание.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Загрижени сте за некои проблеми кои ве следат од поодамна. Време е да им се посветите. Партнерот ќе ви помогне да ги разрешите сите нешта кои ве мачат.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Многу тежок ден на работа. Ве очекуваат многу обврски и стрес. Ви се допаѓа опуштената атмосфера во семејството.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве очекуваат некои кочници на полето на работата. Можно е ваше унапредување или промена на работното место. Многу сте страствени и подготвени сте на саканото лице да му предложите некој посмел чекор.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Немојте да се занимавате со било какви документи денес. Подобро е да ги извршувате вообичаените работи. Во љубовта уживате подолг период, а сега некако ви е досадно.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можете да очекувате помали финансиски потешкотии. Ќе ви биде потребно време да решите одредени ситуации. Доколку имате љубовни проблеми, најпрвин ќе биде потребно да се ослободите од љубомората.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП