18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо 2018-та Lego ги залечи „раните“ од слабата 2017-та

Во 2018-та Lego ги залечи „раните“ од слабата 2017-та

Данскиот производител на играчки „Lego“ повторно го зголеми профитот. По падот во 2017-та година гигантот во областа на градежните блокови за игра, генерираше во минатата година профит од 8,1 милијарди круни (околу 1,08 милијарди евра), објави групата. Ова е за 3,5% повеќе од претходната година. Во споредба со 2017-та година приходите од продажба се зголемија за 4% до 36,4 милијарди круни (4,88 милијарди евра).

Како што објави компанијата, секвенците за „Хари Потер“ и „Војна на ѕвездите“ биле моторите на раст. Уделот на пазарот се зголеми во спротивност со меѓународниот тренд на сите главни пазари.

„Ние поставивме цел за 2018-та година да го стабилизираме бизнисот и сме задоволни што успеавме“, вели извршниот директор на „Lego“, Нилс Кристиансен.

Двоцифрен раст е постигнат на важниот кинески пазар. Во воспоставените пазари, како што се САД и Западна Европа, постои и раст, но послаб. Класиците како „Lego City“ и „Lego Technic“ се меѓу најпродаваните. Освен тоа во 2018-та година групата пушти нови производи кои се комбинираат со традиционалните блокови „Lego“ со дигитални форми на игра.

Приходот на „Lego“ се зголемува со години. Тие скокнаа шест пати помеѓу 2004-та и 2016-та година, но во 2017-та година се намалија со 8%. Профитот падна за 17% во истата година. И подобрата заработка и продажба за 2018-та година се под нивоата од 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП