29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДостапен е првиот „блокчејн“ смартфон (видео)

Достапен е првиот „блокчејн“ смартфон (видео)

Компанијата „HTC“ одлучи својот „блокчејн“ телефон да го приближи до мејнстрим корисниците, поради тоа објави дека „Exodus 1“ oд сега може да се купи и со обични пари, а не само со криптовалути и тоа по цена од 750 долари.

Проиводителот досега, при купувањето на овој уред, прифаќаше само „Bitcoin“ (BTC), „Ether“ (ETH) и „Litecoin“ (LTC). Таквиот потег требаше да овозможи телефонот да го купуват само оние кои се отворени кон употребата на модерни валути. Покрај традиционалните пари, „HTC“ од сега овозможува и купување со „Binance Coin“ (BNB) – валута која е заснована на „Ethereum“.

„Блокчејн“ телефонот на „HTC“ беше најавен во октомври 2018-та преку „HTC Exodus Instagram“ налогот, и тоа во форма на составување на тизер кој укажуваше на тоа дека моделот вредно работи. На официјалниот сајт на компанијата можеше да се резервира новиот телефон, а целта на тој потег беше да се утврди колкава ќе биде побарувачката за моделот „HTC Exodus“.

Сајтот креиран за промоција на „блокчејн“ телефонот, новиот „Exodus“ го најавуваше ако „првиот телефон кој воедно е и дигитален паричник, и кој ќе има можност за враќање на изгубените податоци“. За време на кампањата се тврдеше дека една тоа е една визија за ширење на „блокчејн“ екосистемот, со помош на првиот телефон кој целосно е ориентиран кон децентрилизирани апликации и безбедност на корисниците.

Како главна карактеристика на овој телефон се издвојува безбедносниот протокол кој е одвоен од процесорот и „Android“ оперативниот систем, па може да се користи за чување на крипто-клучеви кои досега обично се чуваа во софтверски паричници или на „USB“ уреди.

Па така, „HTC“ со моделот „Exodus“ се обиде да воспостави рамнотежа помеѓу безбедноста и комфорот, како и да ги елиминира безбедносните протоколи кои доаѓаат од страна. Одредени корисници крипто-клучевите ги запишуваа на хартија и ги чуваа во традиционални сефови, па затоа моделот на „HTC“ нуди поголема безбедност, со едноставен начин за нивно чување.

Безбедносниот протокол фукционира во пар со „HTC“ дигиталниот паричник – „Zion“, кој неодамна е компатибилен и со пребарувачот „Opera“.

Експертите тврдат дека „HTC Exodus“ претставува значителен ризик за „HTC“, бидејќи компанијата веќе некоевреме бележи загуба при продажбата на телефони. Па така „блокчејн“ телефонот претставува невообичаен потег, затоа што има ограничена публика, па малку е веројатно ддека ќе допринесе во работата на „HTC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП