28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши серијата на Харден, Леброн влезе во историјата

Заврши серијата на Харден, Леброн влезе во историјата

Изминатата ноќ во НБА лигата беше ставен крај на импресивната серија што ја имаше кошаркарот на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, додека неговиот колега од ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, го запиша своето има во историјата на лигата.

Хјустон, на домашен терен, немаа проблеми во натпреварот со Атланта Хокс. „Ракетите“ победија 119:111. На овој натпревар заврши серијата на натпревари на кои Џејмс Харден постигнуваше најмалку 30 поени.

„Брадата“ натпреварот го заврши со 28 поени, пет скока и четири асистенции. Крис Пол постигна 20 поени, а Кенет Фарид забележа 13 поени и 10 скока.

Трае Јанг ја предводеше Атланта со 36 поени.

Лејкерси со Леброн Џејмс забележаа пораз во Мемфис. „Гризлите“ славеа над Лејкерс 110:105.

Мајк Конли ги предводеше победниците со 30 поени, додека Јонас Валанчунас запиша 20 поени и 13 скока.

Кај Лејкерс најефикасен беше Брендон Инграм со 32 поени. Леброн Џејмс мечот го заврши со трипл-дабл од 24 поени, 12 скока и 11 асистенции.

„Кралот Џејмс“ стигна до десеттото место на листата на најдобрите асистенти во историјата на лигата. Исто така тој е единствениот играч во Топ 10 на вечната листа по бројот на поени и по бројот на асистенции.

Резултати НБА:

Шарлот – Голден Стејт 110-121, Кливленд – Портланд 110-123, Детроит – Индијана 113-109, Бруклин – Сан Антонио 101-85, Мајами – Феникс 121-124, Чикаго – Милвоки 106-117, Хјустон – Атланта 119-111, Мемфис – ЛА Лејкерс 110-105, Минесота – Сакраменто 112-105, Њу Орлеанс – Филаделфија 110-111, ЛА Клиперс – Далас 121-112.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП