13 октомври, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei Mate X: Тенок, голем, иновативен „преклопник“ (фото+видео)

Huawei Mate X: Тенок, голем, иновативен „преклопник“ (фото+видео)

Кинеската компаннија „Huawei“ на саемот „Mobile World Congress 2019“ го претстави својот прв паметен телефон на преклоп – „Huawei Mate X“.

Иновативниот „Huawei Mate X“ ја комбинира 5G технологијата, екранот на преклоп, вештачката интелегенција и целосно новиот режим на работа на интерфејсот.

Уредот е опремен со „OLED“ екран со дијагонала од 8 инчи (кога е отворен). Основната разлика во моднос на моделот на „Samsung“ е тоа што „Mate X“ има екран од надворешната страна (екранот на екран на надворешната страна на уредот ја покрива и предната и задната страна на телефонот кога тој ќе биде преклопен).

Производителот особено ја истакнува функционалната комбинација на флексибилниот„OLED“ панел и „Falcon Wing“ механичкиот зглоб, кој овозможува успешно отворање и затворање на уредот.

Кога тој е преклопен, дијагоналата на неговиот поголем екран изнесува 6,8 инчи, а на помалиот 6,6 инчи.

Инаку, „Mate X“ е поголем, но потенотк од „Samsung Fold“. Неговата дебелина изнесува 11 милиметри, додека кај „Fold“ е 17 милиметри. Кога е отворен, „Mate X“ e „дебел“ само 5,4 милиметри.

„Huawei Mate X“ е опремен со најновиот чипсет „HiSilicon Kirin 980“. Во основната верзија доаѓа со 8GB RAM меморија и 512GB простор за складирање на податоците. Уредот се напојува со батерија со капацитет од 4.500mAh.

Покрај „2 во 1“ системот на екранот, има уште една значајна карактеристика за овој уред, кој ја поддржува 5G мрежата, е и „Balong“ 5.000 5G модемот. Благодарејќи на него, корисникот ќе може да превземе фајл со големина од 1GB зa само 3 секунди.

„Huawei Mate X“ на европскиот пазар би требало да се појави во средината на оваа година и тоа по цена од 2.299 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП