Кинескиот технолошки гигант „Huawei“ ќе инвестира 5 милијарди долари за истражувања и развој (R&D) на кориснички уреди во 2019-та година. Ова го откри главниот извршен директор на „Huawei Consumer Business Group“, Ричард Ју за време на настан на Светскиот мобилен конгрес во Барселона.
За споредба година порано износот достигна 3,6 милијарди долари, а во 2010-та година бил 4,5 милијарди долари.
Во 2018-та година приходите на „Huawei“ од нејзиниот бизнис со електроника надмина 52 милијарди долари, дополни Ричард Ју.
Според него минатата календарска година компанијата продаде 206 милиони смартфони.
Компанијата сепак продолжува да дава категорични објави дека сака да нуди повеќе интелигентни решенија.
„Бележиме голем раст на продажбата на паметни уреди“, коментира тој, додавајќи дека во 2018-та година компанијата има продадено над 100 милиони примероци од нив.
Со 14% на годишна основа се зголеми продажбата на таблети, но далеку значителен е растот во другите два сегменти – персоналните компјутери (335%) и преносните уреди (120%).