28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMi 9: Snapdragon 855, 6GB RAM, 48MP камера - 455 долари (фото+видео)

Mi 9: Snapdragon 855, 6GB RAM, 48MP камера – 455 долари (фото+видео)

„Xiaomi“ го претстави својт нов предводник – премиум моделот „Mi 9“. Уредот кој ја задржа основната карактеристика на паметните телефони на оваа компанија, добри карактеристики и солиден квалитет по многу пристапни цени, би можел да ги помати сметките на многу производители.

Првиот мобилен уред на кинеската компанија со три камери сосема сигурно би можел да се опише како вистински „убиец“ на премиум смартфоните.

Имено, уредот е опремен со најновиот чипсет на „Qualcomm“ – „Snapdragon 855“ и пристигнува во верзии со 6 или 8GB RAM меморија и 128GB простор за чување податоци.

Во основната (6/128GB) верзија чини „само“ 445 долари, додека во верзијата со 8GB RAM во Кина ќе чини 490 долари.

Како што претходно објавија од компанијата, „Snapdragon 855“ процесорот на „Xiaomi Mi 9“ ќе му овозможи перформанси за 45 oтсто подобри во однос на „Snapdragon 845“ од претходниот модел „Mi 8“, претставен во мај 2018-та година.

Новите уреди на купувачите ќе им нудат и за 20 проценти подобри графички перформанси, за кои е задолжен „Adreno 640 GPU“.

Смартфонот е опремен со „FHD+ AMOLED“ екран со дијагонала од 6,39 инчи. Голем дисплеј кој е производ на „Samsung“, со мал „notch“ во форма на капка на самиот врв, а е заштитен со стаклото „Gorilla Glass 6“.

„Mi9“ има сензор за отпечаток на прстот кој е вграден во самиот екран.

Фотографските компоненти на овој паметен телефон ги сочинуваат тројна камера на задната страна со главен сензор од 48MP (f/1.75), и помошни широкоаглна од 16MP и телефото од 12MP. Предната „HDR“ селфи камера има сензор од 20MP.

„Xiaomi Mi 9“ има батерија со капацитет од 3.300 mAh, за чие полнење се користи брз бежичен полнач од 20W. Tука е и уште побрзио стандарден полнач со кабел од 27W.

Бидејќи „Mi 9“ е намене за британскиот и другите западни пазари, „Xiaomi“ на идните корисници им нуди и посебен тастер на страната од уредот кој е наменет за користње на „Google Assistant“.

„Mi 9“ ќе се продава во виолетова, сина и црна верзија, а „Xiaomi“ планира и специјална верзија од овој смартфон кој ќе има 12GB RAM и 256GB интерна меморија и чие куќиште на задната страна ќе биде проѕирно. Оваа верзија во Кина би требал да чини околу 600 долари.

„Xiaomi“ надвор од Кина новиот „Mi 9“ ќе го претстави на „Mobile World Congress“, кој ќе се одржи во Барселона од 25-ти дo 28-ми февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП