27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕкипите од Премиер дале 77 милиони фунти на менаџерите

Екипите од Премиер дале 77 милиони фунти на менаџерите

Business goal

Тимовите од англиската Премиер лига за изминатата сезона платиле 77 милиони фунти на менаџерите. Тоа е за 6 милиони повеќе во споредба со претходната сезона, што покажува дека трошоците на клубовите се зголемуваат, и покрај воведувањето на правилата за финансиски ферплеј.

Апсолутен рекордер за најмногу платени агентски провизии е Манчестер Сити. „Граѓаните“ на менаџерите им дале 10.5 милиони  фунти, но и покрај огромните потрошени средства тимот не успеа да ја одбрани титулата и да оствари подобар резултат во Лигата на шампионите..

По Сити на листата со најмногу трошоци за менаџерите се најде Ливерпул (8.6 милиони), а за овие услуги најевтино помина Саутемптон кој потроши само 646,101 фунти за агентски провизии.

Интересно е дека шампионот на Англија, Манчестер Јунајтед е далеку од врвот, затоа што тие платиле само 3.7 милиони на различни менаџери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП