25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei P30 и P30 Pro пристигнуваат во март

Huawei P30 и P30 Pro пристигнуваат во март

Со оглед на успехот на „Huawei“ со пуштањето на „P20“ и „P20 Pro“ во 2018-та година, појавата на следната генерација – „P30“ и „P30 Pro“ – се очекува да го следи трендот на претходниците.

Нивната премиера ќе биде на 26-ти март оваа година. Ова е последниот детал што го очекувавме од производителот и локацијата не е изненадување – Париз. Ние можеме да го добиеме овој заклучок, откако на нивнит профил на „Instagram“ се појави фотографија со Ајфелвата кула и датумот за премиера.

Ова дефинитивно е храбро решение за нивната компанија, особено откако знаеме дека „Huawei“ планира да го пропушти „MWC 2019“. Откако компанијата го помина „Apple“ во продажбата на уреди, воопшто не можеме да очекуваме нешто различно, „Huawei“ е компанија која може спокојно да го одржи својот настан и да ги собере своите фанови. И друг интересен детал, е дека „Huawei“ ќе ги преработи правилата, и со оглед на претходниот модел, тие се веројатно подготвени да го прават токму тоа!

Очекувајте повеќе информации следниот месец!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП