Новак Ѓоковиќ ја почна својата 239. недела на чело на АТП-листата. Србинот ја предводи листата со 10.955 поени. Денеска од АТП излегоа со најновото рангирање, каде што меѓу најдобрите десетмина има само една промена.

Кеи Нишикори и Роџер Федерер ги заменија местата. Јапонецот е на шестото, а Швајцарецот на седмото место.
Инаку, Ѓоковиќ води со 2.635 поени повеќе од Рафаел Надал, на третото место е Александар Зверев од Германија. Во Топ 10 се и Хуан Мартин дел Потро (Аргентина), Кевин Андерсон (Јужна Африка), Кеи Нишикори (Јапонија), Роџер Федерер (Швајцарија), Доминик Тим (Австрија), Џон Изнер (САД) и Марин Чилиќ (Хрватска).