20 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИУчениците од „Нова“ донираа храна за социјално загрозените семејства

Учениците од „Нова“ донираа храна за социјално загрозените семејства

Учениците од меѓународното училиште „Нова“ се вклучија во добротворната акција „Ретвитни оброк“ и денеска во просториите на образовната институција собраа 200 топли оброци за социјално загрозените семејства. Основците и средношколците дополнително донираа и прехранбени продукти од типот на леќа, грав, ориз, тестенини и друго, а лидери на целата иницијатива беа учениците од петто одделение.

Со цел на хуманитарната акција да ѝ се даде и образовна димензија, учениците имаа задача да го презентираат физичкиот и хемискиот процес кој бил потребен за да се подготви оброкот. Целата акција беше реализирана во соработка со невладината организација „Љубезност и граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк“.Тие по донаторската акција во „Нова“ ги дистрибуираа оброците до бездомниците и социјално загрозените семејства, а дел од храната ќе ја искористат во нивната кујна каде подготвуваат топли оброци.

Хуманитарните акции се составен дел од работата на училиштето и се организираат во тек на целата година. Сакавме како институција да дадеме поддршка на една ваква акција и се надеваме дека ќе ја продолжиме соработката и во иднина. Секако во меѓувреме ќе организираме и други акции со кои се обидуваме да иницираме позитивни промени во општеството – велат од меѓународното училиште „Нова“.

Низ годините меѓународната образовна институција има соработувано со голем број здруженија и невладини организации за подобрување на ситуацијата на одредена група граѓани во државата, а има и организирано донаторски акции за обезбедување средства на тие на коишто им се најпотребни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП