9 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКина гради соларна електрана во вселената

Кина гради соларна електрана во вселената

Експерти на кинеската Академија за вселенска технологија работи на соларна електрана која ќе кружи околу планетата, односно ќе “фаќа” соларна енергија во вселената и ќе ја праќа на Земјата.

Оваа соларна електрана се разликува од оние на Земјата по тоа што соларната енергија може да се трансформира дури и кога на земјата е облачно. Првите објекти за тестирање треба да бидат испратени во вселената до 2025 година, што ќе претставува огромен чекор кон поголемо искористување на обновливите енергии. Најголем проблем во новиот систем е испраќање на енергијата на Земјата, а научниците сѐ уште работат на пронаоѓање на најефикасен начин. За сега, размислуваат за систем во кој енергијата ќе се пренесува во форма на микробранови или преку ласерски зрак, и штом ќе пристигне до електраните на Земјата, ќе може да се користи како и секоја енергија која е генерирана од страна на традиционалните начини.

Ако тестирањето на првата фабрика оди според планот, кинеските научници имаат планови во вселената до 2050 година да испратат поголеми електрани, кои ќе собираат повеќе енергија, и каде покрај Земјата, енергијата ќе се користи за снабдување на мисии кои ќе го истражуваат далечниот космос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП