Манчестер Јунајтед имаа желба во летниот преоден рок да го ангажираат младиот фудбалер од Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.
Англиските медиуми пишуваат дека стручниот штаб на „црвените ѓаволи“ на чело со Оле Гунар Солскјер биле импресионирани од 18-годишниот крилен напаѓач. Санчо пред да се пресели во Дортмунд играл за Манчестер сити.
Борусија за Санчо платиле осум милиони фунти, а според шпекулациите Јунајтед биле подготвени да понудат 70 милиони евра. Оваа сезона Санчо има одиграно 28 натпревари во сите конкуренции, на кои забележал осум гола и десет асистенции.