3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеина се сели во Барселона

Реина се сели во Барселона

Pepe-Reina_GI_2150447b

Според некои шпански медиуми, репрезентативениот голман Шпанија и член на Ливерпул, Пепе Реина ги договорил сите детали во договорот со Барселона и многу бргу би требало и официјално да биде претставен на Ноу Камп.

Англиските медиуми велат дека отштетата за Пепе Реина ќе биде околу осум милиони фунти, што и не е некој преголем залак за клуб каков што е Барселона.

30-годишниот Реина, иако роден во Мадрид е дете на Барселона за која од 1988-та до 2002-та година настапувал во сите младински селекции, а за првиот тим на „каталонците“ запишал 30 настапи.

Од 2002-та до 2005-та година Реина настапуваше во редовите на Вилјареал, а последните осум години ги бранеше боите на еден од најтрофејните клубови во Англија, Ливерпул. Тој за клубот од „Енфилд“ одигра вкупно 394 натпревари, а притоа прими дури 176 погодоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП