25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНАСА се опрости од роверот Opportunity

НАСА се опрости од роверот Opportunity

НАСА конечно се опрости од роверот Opportunity по последниот неуспешен обид да воспостави врска. Експертите утврдиле дека е конечен крај, со оглед на тоа дека машината без енергија нема шанси во пресрет на зимата која доаѓа на Марс.

Opportunity (Mars Exploration Rover – B, MER-B) беше лансиран во 2003 година, а на Марс слета на 25 јануари 2004 година. Успесите на мисијата вклучуваат комплетирање на основните мисии, по откривањето на вонмарсовски метеорит и проучување на кратерот Викторија (подолго од две години). Роверот ја преживеа песочната бура во 2007 година, достигнувајќи го крадерот Endeavour во 2011 година.

Opportunity по големите песочни бури, со Земјата последен пат комуницираше на 10 јуни 2018 година, а НАСА во поголемиот дел од летото го помина во ичекување невремето на Марс да се смири, бидејќи преносот на сигналот низ прашината се покажа како невозможен. Роверот долго време остана успиен, а научниците се плашеле дека е конечен крај, и во последните седум месеци тие се обиделе да го искомуницираат повеќе од 600 пати. Излезе дека ова е навистина крај, и чесна смрт на машина која ја исполни својата мисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП