28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРемзи ќе добива неверојатни 400.000 фунти неделно во Јуве!

Ремзи ќе добива неверојатни 400.000 фунти неделно во Јуве!

Велшанецот Арон Ремзи ќе стане најплатениот британски фудбалер во историјата, откако „Би-би-си“ ги објави деталите на неговиот четиригодишен договор со Јувентус.

Според „Би-би-си“, Ремзи поминал медицински тестови во јануари и во понеделникот го потпишал договорот со кој ќе заработува апсолутно неверојатни 400.000 фунти (456.000 евра). Со ова тој ќе го надмине својот колега од репрезентацијата, Герет Бејл.

28-годишниот фудбалер на Арсенал ќе стане член на „старата дама“ на 1 јули, кога ќе му истече договорот со „топчиите“.

Сепак, италијанскиот фудбалски новинар Габриеле Маркоти смета дека сумата од 400.000 фунти е пред да се плати данокот, што значи дека тој ќе добива околу 7.5 милиони евра по сезона, или 250.000 фунти неделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП