28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 12.02.2019

Дневен хороскоп 12.02.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

На работното место ви се јавуваат недоразбирања со колегите, но вие вешто ги избегнувате расправиите. Во партнерските односи ништо особено не се случува. Како да сте заробени во некое минато време и постојано се враќате наназад. Чувствувате дека морате да расчистите некои работи од минатото за да тргнете напред.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Разговорите што ги имавте во изминатата недела, денес можат да ви донесат успешен договор и континуиран финансиски прилив во следниот период. Партнерот е импулсивен и реагира несоодветно. Поради тоа најдобро е што помалку да му кажувате за да не го предизвикувате неговиот бес.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате потреба да ги контролирате сите сегменти од животот и не дозволувате ништо да ви го наруши задоволството. Меѓутоа денес некои работи од минатото можат да ви внесат немир во душата и да ве натераат да се преиспитувате. Знаете дека сте ги преземале сите мерки за да ви оди добро на кое било поле, но како тоа да не е доволно за да бидете среќни. Бидете внимателни со трошоците.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Колку и да се буните и да праќате отровни стрели кон претпоставените, денес ќе морате да се справите со работите што веќе сте ги заборавиле. Доколку сте слободни и заинтересирани за една постара личност, време е да направите некаков чекор. Не мора да бидете директни, но можете дискретно да ставите на знаење дека сте заинтересирани.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Промените кои долго ги очекувате се уште не се случуваат и тоа ви влева дополнителна нервоза. Морате да имате трпеливост ако сакате да си го сочувате здравјето. Не може се да биде онака како што сте замислиле. Партнерот со својата нервоза ви прави дополнителни проблеми и како да не можете да најдете мир.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Доколку имате некој долг, денес ќе добиете мал дел назад. Не вреди нервозата, бидете среќни што добивате и толку. Партнерот чувствува дека не сте заинтересирани за него и денес ќе се посомнева во вашата верност. Не сте расположени да се објаснувате и тоа ќе создаде уште поголем сомнеж.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Неорганизирани сте и поради тоа се чувствувате многу хаотично и лошо. Имате впечаток дека тапкате во место и дека морате да вложите дополнителен напор, а можно е и пари со цел ситуацијата да се помрдне од мртва точка. Ве оптеретуваат болки во вратниот дел од грбот.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ви се препорачува да бидете внимателни, немојте премногу да се потпирате на луѓето во кои немате доверба. Во љубовта сте прилично активни, но не постигнувате особено складен однос со партнерот, бидејќи често го кажувате токму тоа што го нервира. Вашето здравје е добро.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Склони сте на постојани критики, а тоа воопшто не го забележувате. Имате прилика да се дружите со лица со кои имате за што да разговарате. Со лицето кое ви е драго сакате нешто повеќе. Чувствувате несвестица и вртоглавица поради лошата крвна слика.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Би требало да бидете потолерантни, а вие сте прилично тврдоглави и упорни иако гледате дека со вашиот став не ја постигнувате саканата цел. Имате среќа да ве опкружуваат лица од доверба, особено партнерот. Чувајте се од можни настинки.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Материјалната страна денес ќе дојде до израз и ќе правите планови за нејзино подобрување. Денес е можна и добивка кај еден член од семејството. Доколку сте во брак, полека почнувате да се навикнувате на навиките на партнерот и на фактот дека не знае што да прави со себе.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес е можно да дојдете во конфликт со партнерот кој сака да преземе дел од вашите обврски и да ви се наметне со своите идеи. Доколку сте осамени, одамна мечтаете за една личност од минатото. Сега е вистински момент да го направите тоа, затоа што во наредните денови околностите ќе се сменат и ќе ја пропуштите шансата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП