Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Дневен хороскоп 11.02.2019

Време: 07:13

Датум: февруари 11, 2019

Категорија: ХОРОСКОП

 

Овен (21.03 – 20.04)

Партнерот ќе се однесува таинствено и не очекувајте помош од него. Финансиите никогаш не биле нешто што него го интересира и поради тоа ќе морате да се потпрете на самите себе. Доколку сте слободни, време е да се завртите околу себе и да и посветите внимание на личноста родена во огнен знак.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ќе се обидете да разговарате со некои пријатели за да сфатите колкав е вашиот удел во озборувањата коишто се шират околу вас. Можеби проблемот е во тоа што добро ви оди и во полето на работата и на полето на финансии, а тоа предизвикува завист. Ако сте слободни, денес е можна порака од една личност на која сте заборавиле.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се уште немате храброст да преземете некои конкретни чекори кои се однесуваат на финансиската ситуација и на односите во семејството. Ситуацијата на работното место стагнира веќе подолго време и тоа ве прави нервозни. Имате потреба да избегате некаде каде што ќе бидете далеку од очите на јавноста.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Колегите се однесуваат чудно и кај вас предизвикуваат променливи емоции. Како да прават нешто против вас. Можеби не е лошо да ги послушате озборувањата што се шират. Секогаш има многу вистина во нив. Заштитете ги очите.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Непланираните трошоци одеднаш ќе избијат на виделина и ќе ви предизвикаат нервоза. Можеби е најдобро делот со финансиите да го препуштите на партнерот затоа што тој има логичен пристап и нема да ви дозволи да се заплеткате во бројки кои не ги разбирате.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Семејството и домот се во центарот на вашето внимание. Се чувствувате убаво и имате потреба тоа да им го кажете на сите околу вас. Особено во прв план ќе ви бидат емоциите кон семејството и средувањето на меѓусебните односи. Здравјето ви е солидно.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Не ги гледате грешките кои од ден во ден ги повторувате. Атмосферата во вашиот дом станува прилично напната, бидејќи вие сте поттикнувач на многу случувања. Не водете полемики околу парите. Можни се проблеми со бубрезите и уринарниот тракт.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Инертни сте и не правите ништо за било што да промените. Доколку ги покажете вашите вистински квалитети, тоа ќе го забележи една многу важна личност. Во љубовта сте прилично недоверливи и повлечени во себе. Чувајте се од можни кавги. Потребно ви е повеќе движење.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Не сте ни свесни за последиците кои ги носи вашиот товар на одговорност. Секоја работа која не е одраз на вашите вистински и внатрешни желби само ќе ве исцрпи. Мислите на лицето од вашето деловно опкружување. Можни се проблеми со респираторниот систем.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве очекуваат позитивни деловни шанси. Чезнеете за љубов и признание, а тоа не умеете да го покажете онака како што треба. Ако сте слободни, на чекор од вас е љубов на прв поглед. Посветете си повеќе време на себе и своите потреби.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес ќе имате потреба да разговарате со колегите и пријателите и ќе бидете интересно друштво. Ова е еден од оние релаксирани денови кога не размислувате за ништо и едноставно и се препуштате на судбината. Крајно време е да поведете сметка за здравјето.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Насочени сте кон финансиите и целата енергија ја трошите на стабилизирање на семејниот буџет. Денес особено ќе бидете полни со интересни идеи. Најдобро е да ги запишувате затоа што ќе се менуваат со толкава брзина што нема да можете да запомните што прво сте помислиле.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Дневен хороскоп 21.02.2019

    Дневен хороскоп 21.02.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Неповолен ден за донесување на одлуки. Одложете ги состаноците за друг ден. Делувате нервозно и несигурно, па саканото лице доаѓа…

  • Дневен хороскоп 20.02.2019

    Дневен хороскоп 20.02.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Вложувате големи напори, но околината нема доволно почит за вашите деловни интереси. Партнерот има одлични идеи и планови, вклучете се…

  • Дневен хороскоп 19.02.2019

    Дневен хороскоп 19.02.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Ќе добиете помош од лицата од кои тоа најмалку го очекувате. На љубовен план главно владее затишје, но вие никогаш…

  • Дневен хороскоп 18.02.2019

    Дневен хороскоп 18.02.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Ќе успеете да решите некои важни финансиски потешкотии. Имате големи планови во врска со работата поради која ќе морате почесто…

  • Викенд хороскоп 16-17.02.2019

    Викенд хороскоп 16-17.02.2019

      Овен (21.03 – 20.04) На најдобар начин користете ги своите генијални особини. Ви паѓаат на памет луди идеи, фантазијата е богата, а сепак, одлично…

  • Дневен хороскоп 15.02.2019

    Дневен хороскоп 15.02.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Сочувајте ја присебноста на духот во некои ситуации бидејќи секој има право да погреши. Прифатете нечие извинување. Нема причина нечие…

  • Дневен хороскоп 14.02.2019

    Дневен хороскоп 14.02.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Загрижени сте за деловната иднина бидејќи не можете да видите јасна слика од моменталните случувања. Почекајте малку пред да повлечете…

  • Дневен хороскоп 13.02.2019

    Дневен хороскоп 13.02.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Размислувате за тоа да ја прекинете новата работа но не сте сосема сигурни што најмногу би ви се исплатело. Во…

  • Дневен хороскоп 12.02.2019

    Дневен хороскоп 12.02.2019

      Овен (21.03 – 20.04) На работното место ви се јавуваат недоразбирања со колегите, но вие вешто ги избегнувате расправиите. Во партнерските односи ништо особено…

  • Викенд хороскоп 09-10.02.2019

    Викенд хороскоп 09-10.02.2019

      Овен (21.03 – 20.04) Вплеткани сте во различни деловни ситуации, а сега на некој начин барате излез. Една личност има големо влијание на одлуките…