28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинеската побарувачка ја поттикнa продажбата на L'Oreal

Кинеската побарувачка ја поттикнa продажбата на L’Oreal

Силна побарувачката на луксузни креми во Кина му помогна на сопственикот на „L’Oreal“ да ја надмине прогноза за приходите од продажбата за четвртиот квартал, пренесува „CNBC“.

Продажбата на најскапите брендови на „L’Oreal“ ги надмина очекувањата на аналитичарите за последните три месеци од годината благодарение на овој пазар, покрај „ладењето“ на економскиот раст таму и стравувањата за трговска војна меѓу Пекинг и Вашингтон.

За бизнисот на „L’Oreal“ азиско-пацифичкиот регион ја надмина Северна Америка како најголем пазар уште во минатата година.

Но „L’Oreal“ се соочува и со предизвикот да продолжи да го забрзува растот на приходите во други области, вклучувајќи ги и оние на единицата за кориснички производи, во која влегуваат брендови, како шампоните „Garnier“.

Приходите од продажбата на ова единица се зголемиле за 2,8 отсто во четвртиот квартал, во кои се видливи влијанието на валутните флуктуации и превземања. Во претходниот квартал растот изнесуваше 2,3%.

Тоа помогна за промовирање на вкупните приходи од продажба, кои се зголемија со 7,7 отсто, над прогнозата за 6,4%. Износот достигна 7,1 милијарди евра.

Од „L’Oreal“ тврдат дека исто така се соочуваат со забавување на пазарите во Франција и Велика Британија. Иако последниот носи само 3% од приходите од продажбата, компанијата се приклучи на организациите кои се подготвуваат за потенцијалниот хаос од „Brexit“.

За 2018-та година „L’Oreal“ очекува 5,3% раст на оперативната добивка до 4,7 милијарди евра, што значи 18,3% профитна маргина, што е над 18-те проценти на крајот на 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП