1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMotorola претстави нова линија на смартфони - Moto G7 (видео)

Motorola претстави нова линија на смартфони – Moto G7 (видео)

Компанијата „Motorola“ претстави нова линија на паметни телефони – „Moto G7“. Во неа се наоѓаат четири модели од кои некои покрај основната ознака „Moto G7“ добија и дополнителна – „Plus“, „Power“ и „Play“.

Најмалиот модел од претставената четворка е „Moto G7 Play“, што е малку чуднот затоа што би се очекувал смартфон за гејмери и да има голем, ако не и најголем екран во линијата. Но, тој всушност го има најмалиот со дијагонала од 5,7 инчи и резолуција од 1.512 x 720 точки.

Како „Moto G7“ и „Moto G7 Power“ моделите и „Moto G7 Play“ се темели на процесорот „Snapdragon 632“ и графичка „Adreno 506“. Единствено „Moto G7 Plus“ е опремен со помоќен „Snapdragon 636“ и подобра „Adreno 509“ графика. Шт се однесува до брзината на процесорот (SoC), целата „Moto G7“ линија работи на 1,8 GHz.

„Moto G7 Play“ и „Moto G7 Power“ имаат најмала работна и меморија чување податоци. Двата модели имаат по 32 GB интерна меморија, додека „Moto G7 Play“ има 2 GB, a „Moto G7 Power“ е со 3 GB RAM. Основниот „Moto G7“ има 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија. Купувачите кои ќе се одлучат да го земат „Moto G7 Plus“ ќе можат да изберат меѓу две конфигурации –  4 GB/64 GB и 6 GB/128 GB.

„Motorola“ при дизајнирањето на линијата „Moto G7“ одлучи секој смартфон да има различна конфигурација на камерите. По една задна камера добија моделите „Moto G7 Play“ (13 MP до 1080p@30 fps) и „Moto G7 Power“ (12 MP до 1080p@30 fps), a по две имаат „Moto G7“ (12 MP и 5 MP до 4K@30 fps) и „Moto G7 Plus“ (16 MP и 5 MP дo 4K@30 fps). Сите модели освен „Plus“ имаат „селфи“ камера од 8 MP, додека „Plus“ е опремен со 12 MP „селфи“ камера.

Сите модели имаат класичен сензор за отпечаток на прстот кој исто така се наоѓа на задната страна на куќиштето. Благодарејќи на тоа, „Motorola“ можеше на предната страна да вгради поголем екран. Останатите три модели „Moto G7“, „Moto G7 Power“ и „Moto G7 Plus“ имаат 6,2 инчен екран, „G7“ и „G7 Plus“ имаат резуолуција од 2.270 x 1.080 точки, a „G7 Power“ има 1.520 x 720 точки. Во зависност од моделот, „Motorola“ се одлучи да вметне поголем или помал отвор за „селфи“ камерата, во форма на квадрат или во форма на капка вода.

Она што за сите модели е идентично е оперативниот систем – „Android 9.0 Pie“. За накрај да ги споменеме батериите и цените при доаѓањето на пазарот. Најслаба батерија има „Moto G7 Play“ чиј капацитет изнесува 3.000 mAh. „Moto G7“ и „Moto G7 Plus“ добија батерии од 3.200 mAh, a „Moto G7 Power“ во склад со своето име има и таква батерија од 5.000 mAh.

Што се однесува до цената, најевтин ќе биде „Moto G7 Play“ кој ќе чини околу 200 долари, потоа следи „Moto G7 Power“ со цена од околу 250 долари, додека „Moto G7“ ќе чини околу 300 долари, а „Moto G7 Plus“ околу 340 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП