ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан одби 20 милиони за Монтоливо

Милан одби 20 милиони за Монтоливо

AC Milan v Juventus FC - Berlusconi Trophy

Шпанските медиуми објавија дека екипата на Севилја упатила понуда во вредност од 20 милиони евра за Рикардо Монтоливо, но од Милан го отфрлиле предлогот.

Играчот на „росонерите“ пристигна на „Сан Сиро“ минатото лето како слободен агент од Фиорентина и веднаш се вклопи во екипата на Милан. Тој во моментов е во Бразил каде што игра за националниот тим на Купот на Конфедерации.

Монтоливо дури е фаворит за капитенската лента на „росонерите“, откако договорот на Масимо Амброзини не беше обновен.

Поради оваа причина од Милан одлучиле да ја отфрлат инаку доста примамливата понуда од 20 милиони евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП