15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрв тест за одбрана на Земјата: НАСА ќе се обиде да исрфли...

Прв тест за одбрана на Земјата: НАСА ќе се обиде да исрфли астероид од орбитата

Колку и да беа филмовите како “Армагедон” и “Длабок удар” плод на имагинацијата, едно е вистина – не сакате да бидете во близина на местото каде што астероид ќе удри на Земјата.

Дури и помали астероиди кои од време на време ќе удрат на Земјата може да предизвикаат сериозни оштетувања на градовите. За среќа, НАСА планира да организира мисија чија цел ќе боде да ја тестира новата технологија со цел да ги пренасочи астероидите кои се опасни за нас.

Станува збор за прво тестирање на вистински систем за одбрана на планетата. Во мисијата ќе учествуваат експерти од НАСА и Европската агенција за вселенски истражувања, кои ќе се обидат да “исфрлат” астероид од орбитата, така што тоа ќе го погодат со сонда, која ќе патува со околу 6,44 километри во секунда.

Проектот наречен DART (The Double Asteroid Redirect Test) ) вклучува таргетирање на астероидот Didimos, тоест помалиот објект кој орбитира околу него и е познат како Didimun (дидиева месечина).

Ниту една од овие “вселенски карпи” не претставува закана за Земјата: тие се на растојание од околу 11,25 милиони километри од нас кога се најблиску. Затоа се избрани за овој експеримент.

Кога станува збор за големината, Didimun може да се спореди со големата на Кеопсова пирамида во Гиза, што го прави најмалиот астероид на кого е испратена сонда. Меѓутоа, ако астероид на оваа големина ја погоди Земјата со вообичаена брзина од 30,58 километри во секунда, би можел да разнесе цел регион, наведува Европската агенција за истражување на вселената.

НАСА планира да ја лансира сондата во 2020 или 2021 година, како би го погодила Didimun во октомври 2022. После тоа, ќе се испрати леталото “Хера” за да се утврди какви промени се направени по тестирањето и дали исфрлањето од орбитата, односно померувањето било успешно.

НАСА плановите за мисијата DART ги откри во 2018 година, додека Европската агенција за вселенски истражувања само најави формирање на тим за следните истражувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП