6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИндијана ги декласираше „езерџиите“, нов трипл-дабл за Вестбрук (видео)

Индијана ги декласираше „езерџиите“, нов трипл-дабл за Вестбрук (видео)

Шпекулациите околу трампата за Ентони Дејвис во Лос Анџелес Лејкерс очигледно влијае на составот на Лук Волтон кој вчера запиша катастрофален неуспех во Индијана (136-94).

Ова беше и најлош пораз во кариерата на Леброн Џејмс кој никогаш не загубил со над 40 разлика. Младите кошаркари на „езерџиите“ кои би можеле да си заминат од тимот до крајот на преодниот рок играа без енергија, па резултатот на крајот ги отслика случувањата на теренот во Индијанаполис.

Расел Вестбрук запиша нов „трипл-дабл“ учинок од 16 поени, 15 скока и 16 асистенции и заедно со Пол Џорџ повторно ја водеше Оклахома Сити во победа, овојпат на домашен терен притив Орландо (122-132). Бекот на Тандерси ја продолжи серијата на натпревари со +35 поени и запиша 39 поени и девет скока.

Лидерот на Истокот, Торонто Репторс, извојува голем триумф на гости кај Филаделфија (107-119) и тоа најмногу благодарение на одличната тимска игра. Стартерите на гостите одиграа фантастично, а добија помош од Грег Монро и Норман Пауел кои беа солидни од клупата за резерви.

Интересен и неизвесен меч одиграа Шарлот и ЛА Клиперс (115-117), во кој на крај се радуваа гостите од Калифорнија. Избраниците на Док Риверс ја анулираа негативата по три четвртини со одличен последен период кој го добија со двоцифрена разлика. Тобајас Херис со 34 поени беше најефикасен кај „клиповите“, а одличен беше и Лу Вилијамс кој постигна 31 поени.

Десеткуваниот Бостон, кој настапи без Кајри Ирвинг и неколку други играчи, се радуваше на теренот на аутсајдерот во источната конференција Кливленд (96-103). Џејсон Татум ја презеде одговорноста во отсуство на првата ѕвезда на Селтикси и со 25 поени ја водеше својата екипа во нова победа.

Двејн Вејд го одигра еден од подобрите натпревари оваа сезона и со 22 поени му помогна на Мајами да слави на тешкото гостување во Портланд (108-118).

Во останатите натпревари, Мемфис минимално ја совлада Минесота (108-106), а Детроит со триумф го нпушти „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк (92-105).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП