5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул се засили со Аспас

Ливерпул се засили со Аспас

iago_aspas_11

Долго очекуваниот трансфер на Шпанецот Jaго Аспас во Ливерпул веќе е реалност. 25-годишниот напаѓач дојде на Енфилд од Селта за сума од 7 милиони фунти. Тој е третото ново засилување на Брендон Роџерс по Коло Туре и Луис Алберто.

„Ливерпул го потврди доведувањето на напаѓачот Јаго Аспас. Договорот со Селта веќе е финализиран, а  откако играчот успешно ги помина медицинските прегледи, тој стави потпис на долгорочен договор“, објави Ливерпул на клупскиот сајт.

Аспас имше одлична сезона во која постигна 12 гола во 33 натпревари и беше еден од најзаслужните Селта да го задржи своето место во Примера дивизион.

Инаку Аспас е втор нов напаѓач во селекцијата на Роџерс, откако минатата недела тие доведоа уште еден Шпанец, Луис Алберто. 21-годишниот младински репрезентативец премина на „Енфилд“ од Севилја за сума од 6 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП